ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе одржи прес-конференција денеска, 22 април, со почеток во 14:30 часот, на која ќе упати препораки до јавноста, институциите и политичките субјекти во пресрет на Претседателските избори на 24 април. Воедно, организацијата најавува дека ќе презентира дел своите наоди и оценки произлезени од сеопфатниот мониторинг на изборниот процес во Северна Македонија.
Прес-конференцијата ќе се пренесува во живо на Фејсбук страната на организацијата и на видео каналот на YouTube. Прашањата може да се достават преку е-пошта или месинџер најдоцна еден час пред почетокот на настанот.
Тим за комуникации на ЦИВИЛ