Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски најави експерименти за утрешниот меч во Скопје, но посочи: Играчите знаат зошто се тука

Објавено

на

По остварената победа над Малта и посакуваното отворање на новите квалификации, Македонија сега ќе игра пријателски меч на домашен терен, оној против Фарски Острови закажан за утре.

За разлика од мечот со Малта, селекторот Милевски нема да може да смета на Зајков и Димитриевски кои беа стартери, но планот за овој меч сепак ќе му биде да експериментите и да испроба некои варијатни кои можат да послужат за во иднина.

Селекторот бара од своите фудбалери да се насочат максимално како на секој натпревар, без оглед на тоа што станува збор за пријателски меч без позначаен натпреварувачки карактер.

– Утре нема да можам да сметам на неколку фудбалери, но оние останатите се надевам дека ќе останат здрави. Овој натпревар не смее да биде поразличен од било кој друг претходно, сите што се тука го знаат тоа и мора да дадат се од себе за позитивен резултат. Не можам да кажам кои играчи ќе истрчаат од стартот, но мора да се знае дека Фарски Острови не знае за пораз на последните седум меча.

– Нема фаворити во денешниот фудбал, ова го кажувам по којзнае кој пат, се мора да се покаже на теренот. Вакви мечеви се користат за да се испробаат разни варијатни кои би ни помогнале за во иднина, – најави селекторот Милевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни