Промо тв Серии

ГОМОРА – СЕЗОНА 5 (последна сезона) – од понеделник до четврток во 22.10

По неколкугодишен обид да го напушти светот на организираниот криминал, Џенаро Савастано се враќа во Неапол во обид да го врати она што е негово по раѓање, но најпрво мора да го исчисти сопствениот двор. На неговиот пат стојат преостанатите Капачо и Левантес, охрабрени од успехот и нивните криминални здруженија напредуваат и покрај големите лични загуби.

Информација го води во Рига, каде што го наоѓа Чиро Ди Марцио како претставник на руските сојузници на мафијата. Двајцата повторно накратко се поврзуваат, а потоа Џени ќе го однесе Чиро во гулаг за да го живее остатокот од неговиот живот во мачна изолација. За жал за Џени, Чиро е подеднакво лукав, безмилосен и има многу среќа па ќе успее да избега. Откако избега од гулагот, озлогласениот гангстер се враќа во Неапол и објавувавува транспаренти на кој пишува „l’immortale è tornato“: Бесмртникот се врати, обесени на телата на двајца поранешни сојузници.

Повторното влегување на Џени во организираниот криминал целосно ги исфрли од колосек заговорите на сите во Секундиљано и Неапол. Неговите непријатели и секој што дури и наликува на предавник се понижени со експертска ефикасност. Сето тоа завршува кога Чиро се враќа, градејќи организација посветена на ништо друго освен уништување на амбициите на Џенаро, за да го натера да ја почувствува агонијата на поразот.

Иако и другите сезони беа брутални и крвави, ниту една не е толку брутална како последната сезона на серијата. Повеќекратните професионални екипи се последните играчи во оваа смртоносна игра и тие ја користат целата своја сила во очајнички обид да преживеат. Заплетите што ги подготвуваат ривалските гангстери се уште покомплицирани и изненадувачки од кога било досега.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

БАПТИСТ- сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

РУДНИЦИ НА СТРАСТА – НАСКОРО

Дејан Дејан

НИШТО ВАЖНО – сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе