Извршниот директор на Баерн Минхен, Јан-Кристијан Дресен, ја критикуваше иницијативата на „А22 Sports Management“ за создавање на европска фудбалска Супер-лига.
„За нас Супер лигата не е алтернатива. Нашиот став е непобитен. Дури ме нервира и нивниот разговор дека би сакале да го видат Баерн. Тоа покажува дека тие немаат многу почит кон фудбалот“ – вели Дресен.
„Не можам да разберам од каде треба да дојдат толку милијарди евра, затоа што Супер лигата треба да ги пренесува сите натпревари на телевизија. Мислам дека целата ситуација е крајно сомнителна. Имаат ли некаде тајна ризница на пари. Според мене, Супер-лигата е се уште сон“, изјави Дресен за германските медиуми.