Дебатата почна со критики на излагањето на премиерот Ковачевски од страна на опозициските пратеници, кои најмногу го потенцираа неговиот став дека реконструкцијата се прави за да се зголеми владејачкото мнозинство. Опозициските пратеници го обвинија премиерот и за „незаинтересираност", бидејќи како што посочија „додека тие зборуваат, тој седи со слушалки на ушите и не ги слуша". Во рамки на дебатата, пратеникот Хусни Исмаили од Алтернатива ...

По експозето на премиерот Димитар Ковачевски, попладнево во Собранието продолжи 104-тата седница со дебата по четвртата точка на дневниот ред – Предлог за именување на заменици министри во Владата. По околу петчасовна расправа, на која генерално пратениците од опозицијата упатуваа критики за власта во однос на нивните политики во сите сфери, седницата беше прекината и потпретседателот Горан Мисоски најави дека заседанието ќе продолжи утре во ...