СПОРТФУДБАЛ

Енцо Фернандез ја заврши сезоната, оди на операција

Фудбалерот од средниот ред на Челси, Енцо Фернандез, оваа сезона повеќе нема да игра за клубот бидејќи ќе биде опериран од ингвинална хернија, објави аргентинското издание „Оле“. Поради ова, ќе му требаат неколку недели да се опорави. Веќе некое време Енцо Фернандез се жалеше на болки, но и покрај тоа играше натпревари.

Постоеше опција лекувањето да се спроведе на лето, но по консултација со лекарите на Челси и на аргентинската репрезентација, донесена е одлуката да се оперира сега. Идејата е да му се даде време на Фернандез целосно да се опорави за претстојната Копа Америка, која започнува на 20 јуни.

Светскиот шампион пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Бенфика во јануари 2023 година во трансфер вреден 121 милион евра. Сепак, неговите перформанси оваа сезона беа во согласност со повеќето играчи на Челси, неубедливи и непредвидливи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button