27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачки и ДПМНЕ ја утнаа изборната единица, дали знаат кој кандидат е носител на ИЕ 2?

На ВМРО-ДПМНЕ им стана редовна пракса да и прават гафови. На рекламен билборд осамна Ковачки кој неговата партија го предложи за носител на листа на Изборна единица 3, а на билбордот стои дека тој ја претставува Изборна единица 2.

Дали самата партија, ВМРО-ДПМНЕ незнае кои кандидати ги предложиле за која Изборна единица?

Изгледа ова е само продолжение на изгубеноста на ВМРО-ДПМНЕ, после она на нивната кандидатка за претседател Силјановска која незнаеше во кој град се наоѓа, среде кампања.