„Ова не е детска облека, таа има само 12 години“: Луѓето масовно ја коментираат ќерката на Викторија Бекам поради фустанот

Викторија Бекам за време на викендот го прослави својот јубилеен 50-ти роденден. Во оваа чест таа приреди голема забава за избрана група на која успеа да собере голем број пријатели, а секако меѓу првите кои и’ честитаа и се појавија беше нејзиното семејство.Единствената ќерка на семејството Бекам, малата Харпер Севен Бекам, привлече големо внимание кон себе.. Велиме мала затоа што има само 12 години, а фустанот што го избра за роденден на мајка си можеби не и’ одговара на нејзините години.Таа се одлучи за бел, долг, сатенски фустан со тенки прерамки. Покрај тоа, таа носеше бели сандали со полна потпетица како и чанта во иста боја и со златни детали. Она што многумина веднаш ќе го кажат е дека на 12-годишно девојче не му прилега да носи штикли, а од друга страна, некој би рекол дека треба да бидете елегантни за ваква посебна пригода и дека им се допаѓа нејзиниот избор на фустан. „Таа е прекрасно девојче, но според мене ова не е облека за дете“, „Мислам дека е штета што Харпер не носеше облека соодветна на возраста , особено кога станува збор за чевли“, „Треба да и’ се дозволи да ужива во нејзиното детство и да прави сè што прават нејзините врсници“… се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи: