Почетна Политичка теологија ДСЗ: Верските заедници беа запознаени со прашалникот за пописот, беше објавен јавно
ДСЗ: Верските заедници беа запознаени со прашалникот за пописот, беше објавен јавно

ДСЗ: Верските заедници беа запознаени со прашалникот за пописот, беше објавен јавно

115
0

Прашалникот за пописот се подготвува врз основа на меѓународни препораки и стандарди за спроведување на пописи на населението, насекаде во светот. Прашалникот за „Попис 2021“ беше јавен и достапен на веб-страницата „Попис 2021“, велат од Државниот завод за статистика (ДЗС) на прашањата кои „Нова Македонија“ вчера ги испрати, а со кои се обиде да добие објаснување околу подготовката на прашалниците за пописот и обуката на попишувачите.

Резултатите од пописот што Државниот завод за статистика завчера ги објави, а се однесуваат на верската определба на граѓаните предизвикаа реакции на јавноста.
Во резултатите од пописот има графа „христијани“, за која според религиската припадност се изјасниле дека припаѓаат 242.579 граѓани. Јавноста остана збунета како е направена оваа припадност, дали и на која црква, верска заедница, или религиозна група припаѓаат оние кои се определиле само како „христијани“.

Христијаните имаат посебна шифра во пописот доделена врз основа на појавата во претходните пописи

Од ДЗС посочуваат дека верските заедници во земјава биле запознаени со подготовките за Пописот 2021, пред неговото отпочнување.

– Беше одржана и средба на директорот и заменикот-директор на ДЗС со поглаварите на сите верски заедници во државата, под покровителство на министерот за надворешни работи, Османи и во присуство на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Сотировски и директорот на Агенцијата за иселеништво, Близнаковски – одговараат од ДЗС.

Врз основа на Кодексот на шифри за прашањата во Пописот, како што велат од статистика, кој се применуваше во пописната апликација, христијаните имаат посебна шифра.

– Шифрата е доделена врз основа на појавата на овој вид религиска припадност во претходните пописи – објаснуваат оттаму.

Од статистика велат дека прашањето во Прашалникот гласело „Прашање за религиска припадност (вероисповед)“.

На прашањето за религиската припадност, одговараат сите лица и се изјаснуваат доброволно

Од ДЗС објаснуваат дека за време на подготовките, попишувачите биле обучувани и морале строго да се придржуваат кон Методолошкото упатство како да постапуваат кога треба да се пополни прашањето за религиската припадност.

– Ви доставуваме извод од делот од Методолошкото упатство: „На прашањето за религиската припадност, одговараат сите лица и се изјаснуваат доброволно, според сопствената волја. За деца до 15 години одговор на ова прашање дава еден од родителите, посвоителот или старателот. Попишувач го прашува лицето за неговата вероисповед, а лицето што се попишува може по сопствена волја да даде одговор на ова прашање, независно дали е запишано во книгата на припадниците на некоја вероисповед. Попишувачот е должен на предвиденото поле да внесе текстуален одговор онака како што лицето се изјаснило за својата религиска припадност и не смее да влијае на лицата да се изјаснуваат против своја волја. Одговорот се внесува текстуално, односно (со внес само на првите три букви), се отвора паѓачко мени и се селектира соодветната религиска припадност од паѓачкото мени за која се изјаснило попишуваното лице. На пр., „Православен“, „Ислам“ и др. До колку станува збор за религиска припадност за која не постои можност да се селектира од паѓачкото мени, на пр., паганска религија, тогаш попишувачот селектира „Друго“ од паѓачкото мени и во наредното поле кое се отвора го внесува текстот за религиската припадност. Лицето може од приватни причини и да не се изјасни по ова прашање. Во тој случај, како одговор се внесува „не се изјаснил“ или „не знае“.
Ако лицето се изјасни дека не е верник, се внесува „не е верник“ или „атеист“. Полето за одговор не смее да се остави празно – посочуваат од ДСЗ.

/Нова Македонија

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *