Утрински Весник
Свет

Зголемени приходите на Мета – 24info.mk

Meta.webp.webp

Американската технолошка корпорација Мета, сопственик на популарни платформи Фејсбук и Инстаграм, објави дека нејзиниот приход во првиот квартал од оваа година се зголемил за 27 отсто на годишно ниво, на 36,46 милијарди долари.

Профитот на Мета се зголеми повеќе од двојно во истиот период на 12,37 милијарди долари или 4,71 долари по акција, пренесува ЦНБЦ.

Резултатите ги надминаа очекувањата на агенцијата LSEG, која очекуваше приход од 36,16 милијарди долари и заработка по акција од 4,32 долари.

Растот на приходите на Мета се забрза, а трошоците за продажба и маркетинг паднаа за 16 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Но, акционерите не се ентузијасти, бидејќи Мета истовремено објави дека во вториот квартал годинава очекува поскромно зголемување на приходите во однос на претходниот период.

Компанијата очекува приходот во вториот квартал да биде помеѓу 36,5 и 39 милијарди долари.

Компанијата објави и дека има 69,33 илјади вработени, што е за десет отсто помалку во однос на првиот квартал од минатата година.

Мета моментално генерира 98 отсто од приходите од дигитално рекламирање.

Можете да прочитате

ИДФ: Петмина израелски војници загинаа, седум се ранети во „пријателски оган“

За две децении 10-те „нови членки“ на ЕУ го удвоија својот БДП  

Фицо е во свесна состојба