„Некако со пролетта“- интимен концерт со „Црвена јабука“ на 25 март во Филхармонија

После продадените 18.000 влезници во Загребачка арена и трите концерти во МТС дворана во Белград, Жера и пријателите ги носат сите хитови (а, ги има навистина многу) во интимната атмосфера на Македонска Филхармонија на 25 март, во организација на „Авалон продукција“
„„Црвена јабука“ е еден од ретките бендови кои реално и добро плива сиве овие години, во комбинација со нивните стари и култни евергрини и конзистентни и успешни нови албуми и синглови.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (1 март) во 9 часот наутро онлајн на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија по следните цени и категории
Партер 1 – 1.000 денари
Партер 2 – 1.200 денари
ВИП (само 148 влезници) – 1.500 денари