Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре ќе престојува во прва официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, на ниво на министри за надворешни работи.

За време на посетата, како што соопшти МНР, Османи ќе оствари средба со Неговото Височество Принц Фаисал бин Фархан Ал Сауд, министер за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, како и со други високи официјални претставници на земјата.

Како што велат од МНР, целта на посетата е понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Кралството Саудиска Арабија, со посебен фокус на соработката во областа на економијата, туризмот и бизнис релациите меѓу двете земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.