Укинати забраните за движење на тешки товарни возила на Гостивар-Стража-Кичево и Крива Паланка – ГП Деве Баир

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози.

-Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека во 06:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево, а во 08:00 часот и забраната за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони