Скоро двојно повисок е бројот на неважечки ливчиња во вториот круг од претседателските избори споредено со оној на парламентарните. И двата избори се одржуваа на ист ден, вчера.

Покрај бојкотот за гласање за претседател и одбивање да се земе тоа ливче кај дел од албанските гласачи, вчера своето ливче за избор на претседател го пречкртале 48.237 гласачи. Вкупниот број на неважечки ливчиња за парламентарните избори е 27.274.

Голема е разликата и меѓу неважечките ливчиња од првиот и вториот изборен круг. Вкупниот број на неважечки ливчиња во првиот круг од претседателските избори на 24 април е 24.560.

На претседателските избори во 2019 година, во првиот круг неважечки биле 32.696 ливчиња, додека во вториот бројката била помала – 30.407.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.