Тухел: Нојер уште сто години нема да прими онаков гол…

Томас Тухел не го криеше разочарувањето откако Баерн Минхен беше несреќно елиминиран во полуфиналето од Лигата на шампионите со два примени гола во самиот финиш на „Сантијаго Бернабеу“.

Нема дилема дека клучен момент беше првиот погодок на кој му претходеше огромна грешка на голманот Мануел Нојер, на што Тухел се осврна и во првата изјава по мечот.

„Ова навистина боли. Ќе ни треба време да го надминеме разочарувањето, но од друга страна ова е пораз во кој сите играчи го оставија срцето на терен. Сето тоа е дел од фудбалот, немаме за што да жалиме од аспект на залагањето, но нормално е да сме разочарани кога бевме толку блиску до финалето. Имавме толку многу повреди, почнавме со четири офанзивни играчи, но сите четворица мораа да го напуштат теренот жалејќи се на болка. Имавме резултат, бевме толку блиску, а тогаш Мануел Нојер, кој беше извонреден и го спасуваше Баерн толку долго, направи грешка каква што нема да повтори во следните 100 години“, изјави Тухел.

Тој се осврна и на спорниот момент од судиското продолжение, кога на Баерн му беше поништен гол бидејќи помошниот судија прерано го крена офсајд знаменцето, носејќи погрешна одлука

„Добивме извинување, но што ни вреди тоа во вакви моменти. Очигледно е факт дека Сантијаго Бернабеу влијае посебно и врз судиите“, прокоментира стратегот на Баерн Минхен.

Се вчитува...