По намалувањето на субвенциите, продажбата на електрични автомобили во Германија е значително послаба

од Vladimir Zorba

Во Германија минатиот месец беа регистрирани нешто помалку нови автомобили отколку 12 месеци порано, но во исто време многу помалку е-автомобили отколку во декември 2022 година.

Повеќе од 100.000 нови целосно електрични возила се регистрирани во декември, во споредба со само 18.100 во јануари оваа година, според податоците на Федералната управа за моторни возила, објавени во петокот.

Во исто време, бројот на новорегистрирани plug-in хибриди падна од 70.000 на помалку од 9.000 во споредба со претходниот месец.

Споредено со јануари минатата година, регистрациите на нови возила од тие две категории се намалени за 13,2, односно 53,2 отсто.

Падот не е необјаснив: германската влада целосно го прекина субвенционирањето на хибридите од Нова година и ги намали субвенциите за електрични и водородни возила.

Така, од 1 јануари купувачите на електрични возила чија малопродажна цена е до 40.000 евра можат да добијат субвенција до максимум 4.500 евра, за 1.500 помалку од досега. За возила до 60.000 евра субвенцијата сега е најмногу 3.000 евра, наместо 5.000. Премиите ќе бидат уште помали почнувајќи од следната година.

Севкупно, минатиот месец во Германија се регистрирани нешто повеќе од 179.000 автомобили, што е за 2,9 отсто помалку отколку во јануари минатата година.

Слични содржини