Јунајтед летово тргнува во обнова на тренинг центарот

Манчестер Јунајтед ќе инвестира значителни пари во реновирање на тренинг центарот во Карингтон. Како што пренесуваат островските медиуми, Дејв Брејлсфорд, еден од најблиските соработници на косопственикот на клубот Џим Ретклиф, ќе има значајна улога во се.

Тој инсистираше, пред се, на реновирање на центарот за развој и опоравување на играчите. Оваа сезона Јунајтед беше клуб со преку 60 повреди на играчи од почетокот на сезоната, што значително се одрази на нивните игри и резултати.

Се верува дека изградбата на нови модерни терени за тренинг и загревање ќе помогне да се намали бројот на повреди на тренинг. Тоа е само еден дел од огромниот проект за реновирање на центарот, кој заостанува зад некои други клубови во Премиерлигата во последните години.

Се очекува целиот Карингтон да добие помодерен шмек со голем број придружни згради, а се планира и проширување на центарот до околните парцели. Дополнително, се очекува Ретклиф и неговите соработници да имаат сериозна работа во реновирање на тимот, кој покажа бројни слабости оваа сезона.

Се вчитува...