Клоп разочаран по поразот: „Многу ми е жал, се извинувам“

Фудбалерите на Ливерпул неочекувано загубија со 2-0 од градскиот ривал Евертон во натпревар од Премиер лигата и полека, но сигурно го губат чекорот со Арсенал и Манчестер сити во борбата за титулата.

Црвените сега имаат три поени помалку од Арсенал, а еден повеќе од Манчестер сити, кој има и два заостанати натпревара, па речиси сигурно ќе ги мине на табелата. Поразот од Евертон значи и дека Јирген Клоп ќе си оди од „Енфилд“ без нова титула во Премиер лигата, иако неговата желба беше да се збогува со навивачите во трофејот.

„Ова не беше доволно добро. Навистина сочувствувам со навивачите и многу ми е жал. Се извинувам“, кусо прокоментира Клоп по натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести