Најмногу зголемени квоти на тениските возбудувања во Рим и на фудбалските „сигурици“

Фудбалот и тенисот се доминантните спортови во денешниот Супер тип на Sport Life. Неколку тениски дуели кои денеска се играат во квалификациите во машка и женска конкуренција за мастерсот во Рим се со зголемени коефициенти и тоа е одлична можност за тениските експерти.

Од фудбалот, Зенит кој е во трка за титулата во руското првенство, гостува кај Факел кој е во опасната зона за испаѓање и на домаќините им се потребни бодови. Сепак, факт е дека Зенит е поквалитетен тим и вреди да се искористи зголемениот коефициент за „двојка“ кој изненсува 1.70.

Од фаворитите, зголемени коефициенти за „двојки“ има и на Аталанта во дуелот со Салернитана, Наполи кој ќе гостува кај Удинезе, како и за Ал-Хилал во пресметкаа со Ал-Ахли.

Интересно е дека Кристал Палас е фаворит за победа против Манчестер јунајтед, а Лил има зголемена квота за да слави над Лион.

- Оглас -

Најнови вести