Владата попладнево донесе одлука со кој 24 април 2024 (среда) кога се гласа за првиот круг претседателски избори е неработен ден за сите граѓани вработени како во јавниот така и во приватниот сектор.

Истото се однесува и на 8 мај 2024 година (среда) кога ќе се гласа зна парламентарните избори и втоориот круг од претседателските избори.

Овие два неработни дена нема да се одработуваат, прецизираат од Владата.

Денешната владина одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Република Македонија.

Според одлуката, денот среда како неработен ден нема да се одработува дополнително.