Премиерот на Хаити поднесе оставка – отворен е патот за нова влада

49
Принтскрин/Јутјуб

Премиерот на Хаити, Ариел Анри, денеска поднесе оставка, отворајќи го патот за формирање нова влада во оваа карипска земја, потресена од насилствата на бандите во кои од јануари до март беа убиени или повредени повеќе од 2.500 луѓе.

Анри поднесе оставка во писмото потпишано во Лос Анџелес и објавено од неговата канцеларија денеска, на денот кога Советот задолжен за избор на нов премиер и кабинет положи заклетва, објави АП.

Во меѓувреме, кабинетот на Анри го избра министерот за економија и финансии, Мишел Патрик Бојсвер за привремен премиер.