Италијанците научија и ракомет: Шокантно убедлива победа над Црна Гора во баражот за СП

Ракометарите на Италија се пред историска можност за пласман на Светското првенство 2025 откако во првиот натпревар од баражот за место на Мундијалот славеа убедлива победа против големиот фаворит Црна Гора.

Италијанците, кои не важат за некоја ракометна нација, триумфираа со 32-26 против Црногорците и пред реваншот имаат сериозни шанси за место на СП.

Бронзо со дури 13 гола беше убедливо најдобар поединец кај Италија, а Калуџеровиќ со седум гола заврши кај црногорскиот состав.

Се вчитува...