Жителите на селата Злот и Лука згрозени, за еден од осомничените велат „Одеше нормално на работа, не делуваше возбуден или загрижен“

by Fokus

Дејан Драгојевиќ (50) од селото Злот кај Бор, осомничен дека е соучесник во убиството на Данка Илиќ (2), по која се трагаше 10 дена, по монструозното злосторство се однесувал како ништо да не се случило, пренесува српски „Курир“.

Од 26 март, кога девојчето било повредено, додека полицијата не го привела, осомничениот делувал сосема смирен и ги извршувал своите вообичаени активности.

„Го видовме деновиве, нормално отиде на работа, се врати од работа. Делуваше нормално, не оставаше впечаток дека е загрижен или возбуден. Буквално не забележавме дека е поразличен од вообичаеното “, велат шокираните жители на селото Злот.

Додаваат дека Драгојевиќ важи за „затворен тип“ и дека не се дружел многу со соседите.

„Тој сака многу да пие, тоа не е тајна. Често беше пијан. Сепак, не ни падна на ум дека може да направи вакво нешто. Дури и случајно да удри дете со автомобил, нели е тоа хумано и логично да го однесат во Брза помош, да не го фрлаат во депонија!Не ни се верува за каков мозок е ова“ – зачудено велат жителите на Злот.

Жителите на борското село Лука, каде што е уапсен и Срѓан Јанковиќ (50), кој бил зад воланот на „фиатот“, велат дека се згрозени од тоа што го направил нивниот сосед.

„До пред една година важеше за чесен човек, но пред една година почна да го обиколува селото и за него се зборуваше секакви работи. Како што слушнавме, жена му го напуштила“, вели жител на селото Лука и додава:

„Последниве неколку дена, откако Србија почна да ја бара исчезнатата Данка Илиќ, тој не излегува од дома, постојано седеше пред селските дуќани, а последниве десет дена никој не го виде таму, што ни беше чудно, бидејќи тоа му беше секојдневие. Мислевме дека затоа отпатувал некаде, но пред некој ден го видовме како оди на работа“.

Телото на девојчето се уште не е пронајдено.

Поврзани новости