Мицкоски: Народот покажа дека ничија свеќа не гори до зори

од Nikola Popovski

ДУИ покажа дека се партија која најмалку се грижи за Македонија. Време е да одат во опозиција со СДСМ. Оваа генерација ја има неповторливата можност да создаде ново поглавје во кое Македонија ќе биде горда и ќе има иднина која ќе се темели на вредности и надеж, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по речиси извесната победа на коалицијата на неговата партија на парламентарните избори.

Најави дека нема да ги разочараат граѓаните и дека уште во првите 100 дена од формирањето од Владата ќе се почувствуваат резултатите од нивната рработа.

-Во напредна фаза сме и во разговори за силен инвестициски пакет кој ќе ја помогне економијата. Многу добри вести за граѓаните и македонската економија во првите 100 дена од новата Влада, кажа Мицкоски.

-Овој народ денеска ги порази сите Милевци, Артановци, Алијевци и си ја вратија Македонија. Народот покажа дека ничија свеќа не гори до зори. Од судот на народот никој не избегал, како ниту од судот на Бога. Не ги заборавајте овие луѓе. Бидете одговорни и бидете чесни. Да не ви падне на крај на памет да го потцените овој народ, им порача Мицкоски на новите владини функционери кои ќе доаѓаат од редовите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини