Левица: Продолжува тоталитарниот однос на власта кон медиумските работници

  • Реакција на Политичката Партија Левица

Министерот за економија Крешник Бектеши, на вчерашната прес-конференција, по поставено прашање од новинарите, со несоодветен и дрзок коментар ги омаловажи. Откако новинарите изреагираа и му посочија на Бектеши дека изнесува дрски и безобразни коментари кон нив, тој наместо извинување и соодветен одговор на прашањето, продолжи со дрското однесување, коментираќи дека тие не се повикани да даваат коментари и да поставуваат прашања.

Тука за жал не станува збор за изолиран случај, туку за негативен тренд на однесување кон новинари од страна на владејачката гарнитура предводена од ДУИ и СДС што бележи пораст, а ова е дури четврт негативен испад на овие политичари. Своето дрско однесување кон новинарите во изминатиот период го покажаа премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и вчерашниот случај во Министерството за образование и наука (МОН), од советникот на министерот Јетон Шаќири.

Овој арогантен и понижувачки однос на Бектеши и останатите државни функционери од власта, на чело со премиерот Ковачевски кон новинарите го отсликува тоталитарното владење на хибридниот режим.

Ваквото скандалозно однесување на функционерите од власта е за целосна осуда, со што дополнително ја отежнуваат транспарентната работата на новинарите, предизвикувајќи притисок кон медиумските работници, што пак може да резултира со непријателско однесување кон нив и нарушување на нивниот интегритет и професионалност.