Рекордни 1415 учесници ќе трчаат во недела во Штип, на втората трка на „Superior runs“

Втора година по ред се организира трката „Superior runs“, која ќе се одржи во недела во централното градско подрачје со почеток од 10 часот. На трката досега се пријавени 1 415 учесници, од кои има и гости од Чешка, Хрватска, Грција и Србија. Ова е реккорден број на пријавени учесници до сега, велат од организацијата.

„Трката исто како и лани ќе биде на пет и на десет километри, почетокот е во 10 часот наутро во недела. Се надеваме дека времето ќе не послужи, немора да биде сончево, но со одлични временски услови за трчање. Нема да има поделба во групи, трката започнува во исто време. Имаме гости од старна, учесници од Чешка, Хрватска, Грција, Србија, полека но сигурно се движиме во правец да биде призната од атлетската федерација на Макеоднија. Стартниот дел е во централното градаско подрачје, пред филијалата на Стопанска банка.“ – вели Ѓошев.

Трката исто како и лани ќе биде на пет и десет километри, со што стартот и целта се на истото место. Трката ќе се одвива околу коритото на река Отиња, до штипско Ново Село, покрај споменикот „Кирил и Методиј“, градското собранието, паркот Пролече до стартната точка.

„Навистина ми е задоволство што веќе втора година по ред се одржува една од најмасовните досега трки, можам слободно да кажам во истокот во Македонија, а дефинитивно и во нашиот град а тоа е Superior runs. Во престојните делови очекувам да се финализираат сите подготовки. Има повеќе од 1400 учесници како што добив информација од самите организатори. За нас како општина ова е од големо значење затоа што смаата општина ќе биде посетена од многу луѓе од страна и од други околни држави. Настан кој е за поздравување затоа што промовира здрави вредности, затоа што ги мотивира младите да спортуваат да водат здрав начин и го промовираат нашиот град.“ – изјави Јорданов

Велат дека настанот промовира здрави вредности, ги мотивира младите да спортуваат да водат здрав начин, а воедно го промовирааат и нашиот град. Велат дека Локалната самоуправа се горде со ваквите настани ги поддржуваат и се надеваат дека во иднина ќе мотивираат и други општествено одговорни компании и здруженија да организираат заднички со Општина Штип.

Лаура Стојанова, М-Нет