Свет
Австралискиот премиер: Маск е арогантен милијардер
Австралискиот премиер го нарече Илон Маск арогантен милијардер кога неговата платформа на социјалните мрежи „Икс“ го одложи отстранувањето на снимките од минатонеделниот напад во Сиднеј.
Вчера, австралискиот суд нареди „Икс“ (поранешен „Твитер“) да ги отстрани видеата од настанот. „Икс“ претходно најави дека ќе ја отстрани наведената содржина по законската одредба, пишува Би-би-си.
Сепак, Маск оттогаш објави меме, во кое ја обвинува владата за цензура. Затоа премиерот Ентони Албанес денеска изјави за „Еј-би-си њуз“ рече дека Маск е арогантен милијардер, кој мисли дека е над законот.
Минатата недела независниот интернет регулатор им се закани на „Икс“ и другите компании за социјални медиуми со високи казни доколку не ги отстранат видеата од нападот со нож во црквата „Христос добриот пастир“, кој полицијата го прогласи за терористички чин.
„Икс“ тврдеше дека оваа одредба не е во опсегот на австралиското право. Регулаторот потоа побара судска забрана за објавување на спорните снимки, а набргу дојде до расправија на социјалните мрежи и во медиумите.
„Би сакал да го искористам овој момент за да му се заблагодарам на премиерот што ѝ посочи на јавноста дека оваа платформа е единствената што ја покажува вистината“, напиша Маск. Тој претходно ја критикува австралиската комесарка за безбедност на интернет, Џули Инман Грант, опишувајќи ја како „австралиски комесар за цензура“.
Албанес застана во одбрана на Инман Грант велејќи дека таа ги штити граѓаните на Австралија.
„Социјалните медиуми мора да бидат и општествено одговорни. Ова не е случај со Маск“, додаде тој. X мора да ги отстрани спорните снимки во рок од 24 часа по одлуката на судот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Роберт Фицо е свесен и комуникативен, соопштија неговите лекари
Словачкиот премиер Роберт Фицо е свесен и комуникативен, а последователно му беше извршена томографија, соопштија денеска неговите лекари.
„Истовремено, се преземаат натамошни чекори за подобрување на неговото здравје“, соопштија од болницата во словачкиот град Банска Бистрица, каде што премиерот закрепнува по атентатот, пренесува „Ројтерс“.
Вицепремиерот Роберт Калинак во неделата изјави дека премиерот е надвор од животна опасност, иако сè уште е во премногу сериозна состојба за да биде префрлен во болница во Братислава.
Свет
Силни турбуленции на летот Лондон – Сингапур: едно лице загина, повеќе од 30 повредени
Едно лице загина во авион од Лондон за Сингапур поради силни турбуленции, а повеќе од 30 лица се повредени, јавува Би-би-си.
Авионот „боинг 777-300 ер“, кој летал за Сингапур, бил пренасочен кон Бангкок и слетал во 15.45 часот по локално време. Авионот превезувал вкупно 211 патници и 18 члена на екипажот, се наведува во соопштението на авиокомпанијата.
„Сингапур ерлајнс“ соопшти дека летот SQ321, кој летал од Лондон до Сингапур, наишол на сериозни турбуленции.
„Можеме да потврдиме дека има повредени и една личност смртно настрада. Во авионот имало вкупно 211 патници и 18 члена на екипажот. „Сингапур ерлајнс“ изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот“, соопшти компанијата.
Тие додадоа дека „соработуваат со локалните власти на Тајланд за да им ја дадат потребната медицинска помош на повредените“ и испраќаат тим во Бангкок за да обезбеди дополнителна помош.
Регион
Мотивот би можел да биде љубомора: осомничениот за убиството на сопругата и двете деца во Тузла купил секира на пазар
Тузланецот Мујага Чичкошиќ е осомничен дека ги убил сопругата и двете деца на возраст од девет и две години, а потоа се фрлил од стан во зградата и се самоубил.
Истражните екипи пронашле секира, со која, како што се сомнева, е извршено убиството, пренесува „Аваз“. Пронајдени се и други остри предмети, а истрагата ќе утврди дали ги убил со сечилото или со тапиот дел од секирата. Наредено е вештачење.
Според неофицијални информации на „Аваз“, обвинителите и истражителите се сомневаат дека мотивот за грозоморното убиство би можел да биде љубомора. Засега оваа информација не е официјално потврдена.
Чичкошиќ, како што потврдија за „Аваз“, пред неколку дена се вратил од Германија, каде што работел како медицински техничар. Бил вработен во Клиничкиот центар на Универзитетот во Тузла, како и неговата сопруга, но заминал да работи во Германија.
„Аваз“ пишува дека Чичкошиќ, како што досега покажала истрагата, детаљно го испланирал бруталното злосторство. Како што потврди изворот на „Аваз“, тој купил секира на пазарот кај Хемет неколку дена пред злосторството и со неа ги убил членовите на семејството.
Во станот била пронајдена глетка со цедење крв, а наводно целиот стан бил уништен. Се сомнева дека сопругата се обидела да ги спаси децата, но не успеала.
Она што ги шокира истражителите е тоа што Чичкошиќ наводно оставил белешка на вратата од станот по стравотното злосторство, пренесуваат медиумите. Наводно пишувало имиња на одредени луѓе. Полицијата сега истражува за кого станува збор.
Наводно, меѓу нив се и имињата на одредени роднини, кои му помогнале да се вработи во Германија.