СДСМ со 28 пратеници помалку од минатите избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од 49 пратеници на изборите во 2016 година, за само осум години, СДСМ загуби неверојатни 30 или 31 пратеник, и сега ќе има 18, а можеби 19 пратеника во новиот парламентарен состав.

Од минатите избори во 2020 кога имаше 46 пратеника, сега Социјалдемократите ќе имаат 28 пратеници помалку, што е неверојатен пад на партијата која ја водеше Владата во изминатите осум години.

СДСМ има историски најслаб резултат на парламентарни избори, кога станува збор и за бројот на гласови и за бројот на мандати. Првпат СДСМ ќе има под 20 мандати, односно досега најслаб резултат имал на изборите во 1998 година кога освои само 27 пратеника. По број на гласови е нешто повеќе од 150.000, што е првпат под 200 илјади гласови на едни парламентарни избори.

Со досегашните одработени 99,6%, СДСМ има моментално 18 пратеника, а максимум може да стигне до 19. Ако остане овој изборен резултат до крајот, тогаш СДСМ ќе биде трета политичка сила во Македонија, со оглед дека ДУИ во моментов според преброените гласови има пратеник повеќе.