Полициски службеници од ЕВР ОКР Карпош на 22 април во 12.40 часот во основно училиште на подрачјето на населба Влае во Скопје, лишиле од слобода ученик по тежок инцидент кој тој го предизвикал во училиштето.

Како што соопшти МВР, станува збор за штитеник од Јавна установа за згрижување на деца, кој околу 10 часот во училиштето, откако претходно скршил дел од инвентар, физички нападнал негови соученици и двајца наставници, а го скршил и мобилниот телефон на еден од наставниците.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од полицијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.