logo
logo
logo

„КЕШ ЗА ЛЕШ“ - Србин прашува како да си ги продаде органите после смртта

Vecer | 26.03.2023

„КЕШ ЗА ЛЕШ“ - Србин прашува како да си ги продаде органите после смртта

Млад човек од Србија, се огласи на социјалните мрежи, прашувајќи ги корисниците на форумот Редит како да си ги распродаде органите по смртта.

„Кеш за леш“, беше името на објавата која предизвика многу полемики, но и големо неверување кај луѓето.

Неименуван млад човек, со објава на српскиот дел на форумот Редит, на другите корисници им постави бизарно прашање кое многумина се запрашаа дали оваа објава е вистинита или е резултат на личност која сака внимание. Имаше широк спектар на прашања поврзани со продажбата на органи, од тоа што може да продаде, до тоа дали актот е легален, до тоа дали може да се продаваат органи во странство.

„Колку вреди човечко тело? Прашувам затоа што размислувам да ставам тестамент дека по мојата смрт семејството да не го закопува или кремира моето тело, туку го продава за делови (органи и сл.) или да го продаде отприлика (за обука на студенти, за филмски цели итн.) Дали е тоа законски возможно во Србија? Ако не, дали може да го смрзнат мојот труп и да го продадат за готовина во странство? Кои се правилата за изнесување на починатиот од земјата?“, гласеше неговата бизарна објава.

Во коментарите корисниците не го криеја својот шок, еден од нив саркастично го окарактеризира насловот на објавата како идеален рекламен слоган.

Поминува низ Белград со погребно комбе со разглас: Купуваме трупови, луѓе, животни и домашни миленици, чистиме шупи, подруми и ги отстрануваме непотребните трупови“, напиша еден од корисниците на форумот.

Имаше и такви кои мислеа дека можеби станува збор за личност која бара внимание:

"Трговијата со органи не е дозволена. Дури и ако сам ги продаваш. Не само во Србија, туку секаде. Со таква идеја можете само да му направите проблеми на семејството. Можете да оставите во аманет телото и органите но без надомест туку како доброволен дарител“. Коментаторот потоа додаде уште една важна точка.

„Покрај тоа, на дивиот пазар има мала побарувачка за органи на стари лица. Ако сте помлади и размислувате на оваа тема, подобро кренете телефон или разговарајте со некој од струката“, искрено одговори тој.

Сепак, најмногу коментари собра коментарот на форумџијата кој со неверување поради прочитаното мораше да напише само неколку зборови „Доста е интернет за денес“.

Keš za leš?

by u/the_rodent_incident in serbia

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk