Компанијата „АстраЗенека“ ја повлече од продажба вакцината против корона вирусот

771

Британската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ (Astrazeneca) денеска објави дека ја повлекува својата вакцина против корона вирусот Vaxzevria, една од првите што беше пуштена на пазарот за време на пандемијата, повикувајќи се на комерцијални причини.

„Бидејќи се развиени повеќе вакцини против корона вирусот, има вишок вакцини“ против различни варијанти на вирусот, соопшти компанијата.

Астразенека додаде дека тоа доведе до пад на побарувачката.