Калин Ивановски го освои трофејот на турнирот во Мадрид

Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски го освои трофејот на ИТФ- турнирот во Мадрид. Во финалето играше против Британецот Марк Вајтхаус и го победи со 2:0 во сетови. Во првиот сет направи брејк со 6:4, а во вториот беше уште подобар со 6:2. Вајтхаус беше 50 места подобар од Калин на АТП ранкиг листата.

Со ова македонскиот тенисер ја продолжи со одличната форма и сигурно ќе напредува од моменталната 627. позиција. За потсетување, за Ивановски ова е трет трофеј во кариерата. Претходно ги освои фјучерсите во Хераклион (Грција) и во Монастир (Турција).

Scroll to Top