Тешка сообраќајка во Чаир: 18-годишен скопјанец на мотор се судри со кола

Од:

Осумнаесетгодишен жител на Скопје околу 17.40 часот е пренесен со Итна помош откако доживеа тешка сообраќајна несреќа.

Тој со мопед „јамаха“ на улицата „Ќемал Сејфула“ се судрил со возило „пасат“ управуван од Е.Р. (24) од Скопје.

Осумнаесетгодишното момче е пренесено во Ургентен Центар каде му била укажана лекарска помош и се констатирани тешки повреди.

Од скопската полиција известија дека увидот е во тек и дури по завршување на истиот ќе се знае причината за незгодата.

Би можело да ве интересира

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Тешко повредена малолетна девојка во сообраќајна несреќа меѓу тротинет и автомобил

А1он

Сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, повредена 21 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во скопското село Мојанци