Мојсоска: Македонија 2025 нуди  платформа на обединување на чија реализација мора да работиме сите ако сакаме да ни е подобро во сопствената кожа, во сопствената земја

од Vladimir Zorba

Македонија 2025 која во Чикаго успеа да ја собере дијаспората на најголем собир до сега има подеднакво амбициозни проекции и во однос на патот по којшто треба да се движи нашата држава. Основната премиса е дека  потенцијалот за просперитетна иднина е реалена условот -сите ние посилно да дејствуваме.

„Нескромно, Македонија2025 сака да понуди една платформа на обединување, платформа на чија реализација мора да работиме сите ако сакаме да ни е подобро во сопствената кожа, во сопствената земја“, вели во интервју за „Локално“  главниот извршен директор на Македонија 2025, проф.Никица Мојсоска Блажевски.

Коментирајќи ја актуелната економска состојба во државата која Мојскоска ја нарекува исклучително комплексна поради инфлаторната спирала, замрзнувањето на цените , но и нискиот стандард и силните бранови на емиграција, укажува на важноста од конзистентност на монетарната политика и јасни сигнали кои ги испраќа централната банка.

„Важна е и координација на монетарната и фискалната политика (на пример, непланирано зголемување на пензии и минимална плата создава нов предизвик за монетарната политика). Ситуацијата воопшто не е едноставна. Платите во економијата, меѓу другото, растат и поради се поизразен недостиг на работна сила“, вели Мојсоска.

Како дополнителен проблем ја посочува и нашата  енергетската зависност, поради што изразува стравување дека  остануваме  ранливи на ценовни шокови на енергијата.

Информацијата дека Македонија 2025 собра 1,3 милиони долари  на гала вечерата во Чикаго е сама по себе исклучително позитивна бидејќи значи дополнителен импулс на македонскиот бизнисно и зајакнување на образовниот капацитетКолку реално Македонија го “искористува’’ знаењето и контактите на дијаспората и има ли можност за повеќе?

-Со гордост и радост ја споделувам токму таа вест дека Македонија2025 мобилизираше над 1.3 милиони долари на хуманитарната Гала вечера која се одржа на 23ти септември, во Чикаго, САД. Овие средства се дополнување на редовното годишно финансирање на организацијата кое во 85-90% доаѓа од членовите на Одборот на директори, а ќе бидат користени во период од неколку години. Галата и собраните донации покажаа дека иселениците, блиските пријатели на Македонија2025 (вклучително и Одборот на директори), како и нивните пријатели и соработници од САД, Канада и цел свет силно веруваат во нашата мисија и работа, а секако голем плус кон тоа е и транспарентноста и отчетноста во работењето. Добивме донации од физички лица со македoнско потекло, но и американци и канаѓани, од компании основани од македонци, но и странски компании и тн. Средствата ќе бидат искористени за проширување на сегашните програми (стипендии, обуки, поддршка на бизниси), но и отпочнување на поинтензивни активности во одредени области (подобрување на деловното окружување, намалување на корупција, дигитализација на компаниите и тн.). Не чека многу работа.

Посебен придонес кон настанот дадоа нашите специјални гости, претседателот Пендаровски, и Дејвид Калхун, главен извршен директор на Боинг. Претседателот Пендаровски го одликува Калхун со највисок орден за заслуги, 8ми септември за неговиот придонес за развивање на македонско-американските односи. Покрај тоа, претседателот и Македонија2025 доделија две посебни награди кои беа воведени минатата година, наречени Признание за придонес на дијаспората, на двајца исклучителни личности, македонците Стенли Томас од Канада и Влатко Андоновски од САД.

Настанот ја славеше и македонската култура, музика, како и женски претприемачи и бизнисменки со макеоднско потекло. Вечерта беше одлична, мислам дека тоа е најголем собир на дијаспората до сега.

Посочивте дека потенцијалот за просперитетна иднина е реаленно бара итно и фокусирано вниманиеКои се нашите главни предизвици на овој пат?

-Токму така, Галата беше под назив „Патоказ до просперитет„ бидејќи сметаме дека е неопходно сите ние да делуваме многу посилно за да имаме подобра иднина. Во „ние„ ги вклучувам граѓаните, владата, политичките лидери и партии, академијата, невладините организации, бизнис секторот… сите ние. Нескромно, Македонија2025 сака да понуди една платформа на обединување, платформа на чија реализација мора да работиме сите ако сакаме да ни е подобро во сопствената кожа, во сопствената земја. Патоказот е базиран на нашатa интензивна работа која започна во 2019 година, во пандемијата, кога ја подготвивме тн. Платформа за просперитетна иднина низ долг консултативен процес од околу 20 месеци (и над 35 средби со релевантни фактори). Платформата е едноставен, но силен план кој идентификува 7 приоритетни области каде мора да оствариме напредок, за да одиме напред: човечки капитал (образование), конкурентност, демократија, владеење на право (и корупција), животна средина, добро владеење и дигитализација. Целта е да ги зголемиме напорите (и програмите) за напредок во овие области. Тоа се областите во кои ќе делуваме во следниот период, некогаш сами, другпат во стратешки партнерства, и тн. На пример, пред 15тина дена, Македонија2025 основа нова фондација „Центар за дигитална трансформација„ која ќе работи на директна поддршка на микро, мали и средни бизниси да се дигитализираат.

ЕБОР излезе со очекување за скромен 2 % раст на БДП за оваа година иако пораснаа пензиитеминималната платасе намалуваат цените на хранатаМакедонија останува е и една од земјите со највисока стапка на инфлација во ЕвропаИма ли изгледи за скротување на галопирачката инфлација и како сето ова влијае на инвеститорите?

-За жал економскиот раст е многу низок. Македонија изгуби многу години во транзиција, во 2021 година нивото на животен стандард (мерено преку БДП по глава на жител) е 37% од просекот во ЕУ, а исто толку беше и на почеток на транзицијата. Значи, во споредба со другите, стоиме во место. Не се случува конвергенција кон стандардот на ЕУ. Едноставно кажано, не живееме подобро. И, се намалува популацијата, повторно има силни бранови на емиграција.

Мора да изнајдеме подобар модел за раст. Растот мора да биде воден од раст на продуктивност што ќе доведе до раст на плати (наспроти вештачки раст на плати), да ја менуваме структурата на економијата кон повисоки технологии, да експериментираме и да бидеме иновативни во спроведување на паметни политики и тн. За жал, јас не можам да видам силна визија за иднината, можеби грешам.

Така што, разговорите околу 2% стапка на раст, или 1.5% или 2.5% немаат никаква смисла и ефект врз нас. Мора да целиме кон многу повисоки стапки на раст. Мора да ја намалиме бирократијата за бизнисите, да дизајнираме паметни политики за инвестиции од дијаспората, да привлекуваме финансиски средства и умови од странство, физичките граници да не бидат бариери за раст на бизнисите, да создаваме и да го искористуваме човечкиот капитал, и тн. И за тоа може значајно да се искористи знаењето, капиталот и контактите на дијаспората.

Сето тоа е за подобра иднина. А она што сега ни се случува во економијата, тоа е резултат на повеќе надворешни фактори, како и домашни. Нарушувањата на синџирите за набавка, пораст на цени на суровини, неизвесноста од целокупната геополитичка состојба … сето тоа влијае врз пораст цените, што потоа предизвикува секојдневни барања за вонредно покачување на пензии, минимална плата и тн. Тоа е инфлационата спирала за која говорат економистите. Тешко е да се смири спиралата и покрај обидите на монетарната политика преку зголемување на референтната каматна стапка.

Владата презеде неколку мерки за замрзнување и контрола на цените во маркетитено остануваат критиките на граѓаните дека нивните трошоци за живот постојано растат и го топат и онака нискиот животен стандардПодеднакво незадоволни се и трговцитепа се отвора дилемата каде и во која насока треба да се делува?

-Збирот на многу фактори за кои зборував погоре ја прави ситуацијата комплексна. На тоа се надодава и недостаток на одредени информации или нецелосни информации, па така се наоѓаме во ситуација во која производителите велат дека едноставно нивните трошоци се зголемени значително и мора да ги поскапат производите, а од друга страна владата вели дека тоа не е точно и дека тие само ја „користат„ ситуацијата.

Во вакви услови, многу е важна конзистентноста на монетарната политика и јасни сигнали кои ги испраќа централната банка. Важна е и координација на монетарната и фискалната политика (на пример, непланирано зголемување на пензии и минимална плата создава нов предизвик за монетарната политика). Но, како што напоменав погоре, ситуацијата воопшто не е едноставна. Платите во економијата, меѓу другото, растат и поради се поизразен недостиг на работна сила.

Приближувањето на зимата се чини ги „отвора старите рани“ околу проблемите во енергетскит сектор и нашата подготвеност да се справиме со нив. Иако Владата и РКЕ уверуваат дека успешно ќе ја пребродиме зимата и не се очекуваат проблеми во снабдувањето со струја и гас, геополитичката реалност упатува на континуирана внимателност. Дали сметате дека доволно се работи на подготовки за заштита од евентуални ценовни шокови? Како подобро Македонија да се позиционира на енергетската мапа?

-Мислам дека ништо значајно не направивме на енергетски план за да ја намалиме енергетската зависност од надвор во изминатиот период, односно од почеток на енергетската криза и дека повторно сме ранливи на ценовни шокови на енергијата. Ова е делумно зошто сме бавни, а делумно зошто за поголеми инвестиции во енергетиката треба време и финансиски средства. Бизнисите се во грч, нивните планови за развој се ставени во мирување во очекување што ќе се случи со цената на струјата оваа зима. Иако некои компании инвестираа во сопствено производство на струја од обновливи извори сепак тоа не е доволно. За жал, пак треба да се надеваме на топла зима, на поволни надворешни услови и тн. Да се надеваме и дека за неколку години ќе има напредок, пред се со изградба на хидроцентралата Чебрен, но и други помали известиции во соларна енергија кои се во тек на реализација.

К.В.С.

Слични содржини