07:10 - 25 април, 2025

(Фото) Ќерката на Борко Ристовски наполни две години, малечката Анастасија модно усогласена со мајка ѝ

Анастасија, ќерката на поранешниот ракометен голман Борко Ристовски и неговата сопруга Нина, наполни две години. По тој повод, семејството приреди роденденска забава во еден од познатите скопски ресторани, во друштво на најблиските роднини и пријатели.

Насмеана и разиграна, малата Анастасија привлече внимание со својата ведрина, а многумина забележаа дека со крупните сини очи и руса коса го наследила најдоброто од двајцата родители.

Фото: Фејсбук/Нина Ристовска

За оваа посебна пригода, Нина и Анастасија беа модно усогласени, носејќи фустани со карнери во крем боја со црни точки. Еден од најемотивните моменти беше фотографијата што Нина ја сподели на социјалните мрежи, на која со нежна порака ѝ порача на ќерка си: „Те сакам“.

Фото: Фејсбук/Нина Ристовска

Освен Анастасија, Нина и Борко го имаат и синот Душан, кој исто така беше дел од веселата атмосфера на семејната прослава.

Фото: Фејсбук/Нина Ристовска

Слични објави

Вистината за првата љубов на Жељко Јоксимовиќ: „Се зацрвене кога ѝ го реков тоа…“

apostolova

„Сале, ми недостасуваш“: Марија Шерифовиќ сподели емотивен момент со Саша Поповиќ неговиот 71. роденден

Еспресо

(Видео) Карлеуша и Душко Тошиќ се смириле?! Јелена објави видео од вилата на Дедиње, емоциите ја преплавиле

Еспресо

(Фото) Голема прослава во вилата Ражнатовиќ на Дедиње: Семејството не може да ја сокрие среќата, сите очи се вперени во снаата Богдана

Еспресо

(Фото) Ѕирнете какви украси има на свадбата на Теа Таировиќ: 30.000 евра за купола со бладахини и посебно место за ѕвоната

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Детекција на генетски промени што зголемуваат ризик за развој на рак

Еспресо