Поврзете се со нас

НБА

Далас поведе против Клиперс, Халибартон донесе драматична победа за Индијана (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Pacers

Лука Дончиќ и неговите соиграчи решија да се концентрираат на играта во одбрана на дуелот со Л.А Клиперс и стигнаа до целосен пресврт во серијата од НБА плејофот, во која тргнаа со негатива, а сега водат со 2:1.

Дончиќ заврши со 22 поени и му недостасуваше асистенција за трипл-дабл, а заедно со добрата дефанзивна партија, повторно беше најзаслужен за позитивниот резултат на неговата екипа (101:90).

Ирвинг стигнал до 21 поен, а на спротивната страна ист ефект имале Харден и Пауел, додека Зубац уфрлил 19 поени.

Многу понеизвесно беше на дуелот меѓу Индијана и Милвоки, двете екипи влегоа во продолжение, а на крајот херој за домашните фанови беше Тајрис Халибартон, кој со флоутер на помалку од две секунди до крајот го реши прашањето на победникот на дуелот кој заврши со резултат 121:118.

Со овој резултат Индијана поведе во серијата против Милвоки (2:1), во чии редови доминираше Мидлтоун, кој постави сопствен плејоф рекорд со 42 поени.

Феникс е пред елиминација по уште еден пораз од Минесота (109:126), овојпат на домашен терен, за моментални 3:0 во серијата за „волците“.

Едвардс со 36 поени ја предводел победничката екипа, додека Бил со 28 поени бил најдобар поединец во редовите на Феникс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни