Невремето направи хаос во Дубаи, авион „плови“ по пистата (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Големото невреме кое го зафати Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, придонесоа за поплави на главните автопатишта. Поплавен е аеродромот во Дубаи, па така може да се видат авиони кои минуваат низ пистата која е претворена во река.

Летови беа откажани или пренасочени, а властите испратија цистерни на улиците да ја вшмукаат водата од патиштата.

Дождот е невобичаена појава во ОАЕ, но повремено се јавува, особено во текот на зимските месеци.