Ковачевски: Повикувам на нови внатрешни избори на сите партиски тела и на централно и на локално ниво почнувајќи од претседателот на партијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На вечерашната прес-конференција лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски изјави дека „СДСМ ќе треба добро да погледне навнатре да размисли што направивме и кои се резултатите и слабостите од последните четири години“.

-СДСМ ќе треба добро да погледне навнатре да размисли што направивме и кои се резултатите и слабостите од последните четири години можеби и во последните седум години, и уште поважно е што е тоа што треба да направи за да ја обновиме и вратиме довербата на граѓаните што ја изгубиме. Процесот на обнова мора да е на сите нивоа затоа повикувам на нови внатрешни избори на сите партиски тела и на централно и на локално ниво почнувајќи од претседателот на партијата, раководството па се до претседателите на општинските организации и сите органи и тела партијата, вели Ковачевски.