Милан имаше шанса да му направи услуга на градскиот ривал, но бодовите останаа во Неапол (Видео)

Фудбалерите на Наполи ја продолжуваат битката за титулата со Интер, откако на домашен терен го совладаа Милан со 2-1. Екипата од Милано имаше шанса да му направи услуга на градскиот ривал, но Хименес не успеа да реализира пенал во 69-тата минута.

Претходно, Наполи со головите на Политано во втората и на Лукаку во 19-тата минута дојде до убедливи 2-0. Откако Хименес не успеа да реализира пенал, почесниот погодок за Милан беше дело на Лука Јовиќ во 84-тата минута.

Интер е лидер на табелата во Серија А со 67 поени, три повеќе од второпласираниот Наполи.

- Оглас -

Најнови вести