Македонија имајте го во предвид ова

НА 1 МАЈ КАКО И СЕКОГАШ РАЗОЧАРУВАЧКА ПРОГНОЗА – еве што најавува УХМР, подгответе се и за тоа што доаѓа за Велики четврток и петок! (ФОТО)

Управата за хидрометеоролошки работи објави какво време не очекува во следните денови.

НА 1 МАЈ КАКО И СЕКОГАШ РАЗОЧАРУВАЧКА ПРОГНОЗА – еве што најавува УХМР, подгответе се и за тоа што доаѓа за Велики четврток и петок! (ФОТО)

Ова е важно за сите бидејќи во среда ни доаѓа 1 мај и неработен ден во земјава, а веднаш потоа следуваат и четири неработни денови поради Велигден.

Еве што велат тие:

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во источните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

На првиот ден од новиот месец времето ќе биде променливо облачно и топло со слаб ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

На Велики четврток времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападенен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.

На Велики петок времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.

Најнови вести од Македонија

To top