Столе и Рајо загубија од отпишаната Алмерија и си го закомпликуваа опстанокот во Ла лига (ВИДЕО)

Македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано доживеаја шокантен пораз на домашен терен од веќе отпишаната Алмерија со 0-1 во меч од 34. коло од шпанската Ла лига и со тоа и тоа како си го закомпликуваа опстанокот.

Клучниот момент во мечот се случи во 30. минута кога Лозано го постигна погодокот вреден три бода за гостинскиот тим.

Rayo Vallecano 0-1 Almeria – Choco Lozano 30′
byu/Meladroitdimage insoccer

Во вториот меч од вечерашната понуда во Ла лига Севилја славеше на домашен терен против Гранада со 3-0.

 

Standings provided by Sofascore

 

 

Се вчитува...