Поврзи се со нас

Македонија

ДСЗИ: Од понеделник во градинка деца со три дози вакцини против пертусис

Објавено

на

Директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат Рената Младеновска најави дека денеска ќе и биде донесена новата одлука со дообјаснувањето од Комисијата за заразни болести  со што ќе се овозможи од понеделник во градинките да се примаат деца кои ја имаат комплетирано вакцинацијата со три дози против пертусис.

ДСЗИ неделава изврши стотина вонредни инспкциски надзори низ градинки во кои, како што рече, е утврдено дека се почитува решението за забрана за прием на целосно или делумно вакцинирани деца.

Во однос на значително повисокиот процент на вакцинирани деца во внатрешноста од над 95 проценти, наспроти во Скопје каде 50 отсто не се вакцинирани, Младеновска оцени дека родителите во другите градови во внатрешноста се поодговорни.

Младеновска најави дека ДСЗИ ќе продолжи со инспекциите и во наредниот период.

Комисијата за заразни болести вчера препорача децата кои примиле три дози на ДиТеПер вакцината да може да посетуваат градинка, но под услов да се ревакцинираат за шест месеци.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена