Утрински Весник
Македонија

ОВА Е САМО ПОЧЕТОК: За време на викендот очекувајте уште постудено време и нови обилни врнежи од дожд

Download 4.jpg
Img 5587

Метео анализа на Славчо Попоски:

– На повисоките места и на планините снег и снежна покривка Студеното време за овој период од годината што не зафати од денес ќе трае подолго време, односно барем според моменталните прогностички материјали со кои располагаме до самиот крај на овој месец, а може и подолго. До крајот на денов, особено во западните предели ќе има нови повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Ss1

Под влијание на нов поголем влажен бран од запад, нови обилни врнежи од дожд на повеќе места ќе има за време на викендот, и тоа особено во недела. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, со што ќе се формира и снежна покривка. Понекаде снежната покривка ќе биде со висина од 10 до 20 cм, а може и поголема.

До недела навечер локално ќе наврне позначително количество на воден талог (односно нови над 25 л/м2 воден талог). Исто така за време на викендот ќе биде и уште постудено, па така температурите понекаде и ќе останат дури и под 10 степени преку ден.

Ss1

Можете да прочитате

Битиќи: Сплотени и солидарни на 1-ви мај, со победа на СДСМ на 8-ми мај за уште поголеми плати на работниците

Филипче: Почитта кон работниците ја преточивме во подобри права и повисоки плати 

МВР и колегите од Турција ја договараат екстрадицијата на Палевски во Македонија