Македонија
Колева: Александар Николоски е човек што над 20 години во политиката живее на грбот на граѓаните, никогаш ништо не работел, туку живее од даноците на граѓаните
Од денес, па се до параментарните избори, граѓаните ќе ги запознаеме со ликот и делото на Александар Николоски, носител на листата во изборна единица 4 на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните имаат право да го знаат неговото вистинско лице кој ќе биде на избирачкото ливче и која е неговата вистинска улога во политиката, вели Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.
„Николоски кој сака постојано да прашува, а да не понуди одговори, ниту докази за ништо од неговите лаги и манипулации, конечно ќе мора да даде одговори. Александар Николоски е човек кој преку 20 години во политиката живее на грбот на граѓаните, никогаш ништо не работел, туку живее од даноците на граѓаните. Како политичар и ништо друго, Николоски во ВМРО-ДПМНЕ е задолжен за креирање лажни афери, лажни вести и пласирање невистини со кои сака постајно да прави конфузија во јавноста. Токму затоа, Николоски е најдемантираниот политичар во историјата на државата. Него го имаат демантирано домашни институции, странски држави и верувале или не Обединетите Нации. Станува збор за човек кој што што и да каже јавно – тој кажува лаги. На човек како Николоски воопшто не може да му се верува, затоа што едноставно тој нема друга улога во политиката и партијата освен да манипулира и лаже во интерес на ВМРО-ДПМНЕ. Неговата улога за дежурен манипулатор, очигледно не ја добил случајно. Затоа денес ќе му поставиме неколку прашања на кои ќе мора да одговори и да се дознае вистината за мрежата која стои зад постојано лажење и плашење на граѓаните за политичка корист на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Колева.
Таа упатува неколку прашања до Александар Николоски.
„Дали тој лично стои позади целата пропагнда на ВМРО-ДПМНЕ платена од унгарски извори? Дали Николоски раководи и посредува во финансирање на мрежата медиуми кои постојано шират дезинформации во државата?
Дали Николоски, кој важи за близок човек со Синиша Алексоски, фамозниот разузнавач на Ѓорѓе Иванов, ја води мрежата на ботови на социјалните мрежи кои стојат зад постојано тероризирање на граѓаните на интернет и ширење страв и паника во криза? Дали тој е креаторот на организирани напади за омаловажување и онлајн булинг на оние кои не мислат исто како него и ВМРО-ДПМНЕ?
Дали тој беше задолжен да создава немир секогаш кога државата ќе беше во некаква криза? Добро се сеќаваме на десетици деманти кои ги добив во време на трите последователни кризи низ кои помина државата“, прашува Колева и додава:
„Ова е само прва серија на прашања кои мора да ги одговори Николоски. Во следните прес-конференции ќе ги разоткриеме неговите врски со сомнителниот бизнис и подземјето. Граѓаните на изборна единица 4 имаат право да знаат кој ја бара нивната доверба и кој вистински е овој човек“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања
АМСМ информира дека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Како што стои во соопштението, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Купови со отпад на паркингот кај гробиштата во Бутел
Повторно купови со отпад на паркингот кај гробиштата во Бутел.
Поранешниот директор на АД „Пошта“, Јани Макрадули на својот Фејсбук профил објави фотографија од состојбата на гробиштата. Како што вели, ова е тажна слика за еден град кој системски се уништува.
Македонија
Земјава нема развиен концепт за менаџирање со дијабетесот, вели Велев
Во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари и Здружението на лица со дијабетес „Алегрија“, денеска во Градскиот парк во Скопје под мотото „Сѐ за нас – за нас“, се одржа едукативен настан за подигнување на свесноста за тоа како живеат лицата со дијабет.
Претседателот на Здружението на лица со дијабетес „Алегрија“, Диме Велев, рече дека со реализацијата на проектот се укажува дека лицата со дијабетес се нормални луѓе кои што се дел од заедницата и се придонесува кон уривање на стереотипите кои постојат за лицата со дијабетес.
„Почнавме реализација на проект за подигнување на свеста за користење на новите во технологии во менаџирање со дијабетесот, пред сѐ „CGM“ системите или системи за континуирано мерење на гликоза, за новите технологии во делот на апарати со дигитална размена на податоци, како и за рушење на стереотипите за тоа дека лицата со дијабетес се нешто посебни, тие се многу нормални луѓе кои што се во заедницата“, рече Велев.
Посочи дека целта на целиот проект е да се убедат властите дека луѓето кои што користат „CGM“ системи се работноспособни и присутни во заедницата, како и да се освестат за потребите на луѓето дека имаат многу кратко време за навремена реакција. Вели земјава нема примена на доволно развиен концепт на менаџирање со дијабетес.
„Сѐ уште имаме пречки, затоа што ние немаме доволно луѓе кои што се поставени на „CGM“ системи, во Македонија немаме примена на доволно развиен концепт на менаџирање со дијабетес. Кога сето тоа ќе се воведе, ќе се изгради сета таа нова дијабетес култура, дека е многу нормално да се користи, дека е многу поквалитетно да се користи, тогаш нема да има потреба од нови правила за некое право на човек со дијабетес после пет минути да отиде настрана да касне нешто или да се освежи и да се врати на работа или на училиште“, рече Велев.
Преку интерактивен собир, денеска лицата со дијабетес ТИП 1, особено младата популација до 25 години, имаше можност да се потсети на основните постулати при секојдневното живеење со дијабетес.
На настанот беа поставени штандови со глукомери и ленти за мерење на нивото на шеќер во крвта, како и штандови со корпи и обучени лица на кои граѓаните имаа можност да видат колку јаглехидрати содржи секое овошје или зеленчук.