Рускиот заменик министер за одбрана приведен поради примање мито

Рускиот заменик-министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, објави во вторникот вечерта Истражниот комитет на својот канал Telegram.

„Поради сомневање за сторено кривично дело според дел 6 од член 290 од Кривичниот законик (земање поткуп), беше приведен заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Вадимович Иванов“, соопштија од одделот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песковм изјави дека извештајот за притворот на Иванов е доставен до рускиот претседател Владимир Путин. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу бил информиран однапред за неговото приведување, рече тој.

Магазинот Forbes го наведе Иванов, експерт за кибернетика и нуклеарна индустрија, како еден од најбогатите луѓе во рускиот безбедносен естаблишмент.

Според квалификациските критериуми на членот од рускиот кривичен законо, според кој бил приведен Иванов, износот на поткупот надминува милион рубли, ова е минималниот праг за особено голема сума. Максималната казна за ова дело е 15 години затвор.

Во 2012 година, Иванов беше заменик-претседател на Владата на Московскиот регион. Од 2013 до 2016 година е генерален директор на држќавната акционеркса корпорација од одбранбено–ндустрксиот сектор „Оборонстрој“. Во мај 2016 година со претседателски декрет е назначен за заменик началник на Министерството за одбрана. Во неговите ингеренции, посебно бил надзорот на воениот градежен комплекс на министерството.