Критики за мисијата на НАСА за „сквернавење“ на Месечината

278

Соединетите Американски Држави се на пат да го лансираат своето прво вселенско летало за обид за меко слетување на Месечината по Аполо, во историска соработка со приватниот сектор која не беше добро прифатена од сите.

Народот Навахо, најголемото домородно племе во Америка, изрази загриженост поради присуството на кремирани човечки останки во леталото, нарекувајќи ја мисијата сквернавење на Месечината, која има свето место во нивната култура.

Лендерот Peregrine на Astrobotic треба да биде лансиран на 8 јануари со ракета на United Launch Alliance која го прави своето прво патување како дел од комерцијалното партнерство на НАСА за да заштеди пари на американската вселенска агенција.

Научните инструменти на Peregrine ќе го испитуваат зрачењето на површината на Месечината, помагајќи ѝ на НАСА подобро да се подготви за мисии со екипаж што ќе бидат испратени таму подоцна оваа деценија како дел од програмата Artemis.

Приватната компанија ќе пренесе и пратки од две други приватни компании кои вклучуваат кремирани останки и ДНК за да останат засекогаш на Месечината, но внатре во лендерот.

Компанијата Celestis објави 69 индивидуални останки во својата пратка, вклучувајќи го и починатиот креатор на Star Trek, Gene Roddenberry, писателот на научна фантастика Arthur Clark и куче по име Indika-Nudl Fabiano.

Клиентите плаќале цени почнувајќи од 12.995 долари за испорака, според веб-страницата на компанијата.

Во писмото од 21 декември до претставниците на НАСА и на Министерството за транспорт, водачот на Навахо нацијата Buu Nygren изрази длабока загриженост и разочарување за ова прашање од најголема важност и ја повика НАСА да го одложи лансирањето.

Месечината има свето место во многу домородни култури, вклучувајќи ја и нашата, напиша Nygren.

НАСА се извини и вети дека ќе се консултира со домородните Американци во иднина, се вели во извештајот на весникот „The Spokesman-Review“ во Spokane.

Администраторот за истражување на НАСА, Joel Kearns, во четвртокот изјави дека меѓувладин тим договорил средба со народот Навахо, но нагласи дека агенцијата нема контрола врз товарот на нејзиниот приватен партнер.

Ние ја сфаќаме загриженоста на народот Навахо многу, многу сериозно и мислиме дека ќе продолжиме да разговараме, изјави Kearns за новинарите.

Компанијата Celestis најави дека го почитува правото на сите култури, но ниту една култура или религија не треба да стави вето на вселенските мисии од религиозни причини.

Негирајќи дека мисијата ќе ја „сквернави Месечината“, компанијата нагласи дека кремираните останки ќе останат во лендерот.