Поврзете се со нас

НБА

Историска партија: Брансон блескаше во Филаделфија, Никси на чекор до конференциско полуфинале (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/nypost

Составот на Њујорк Никс е на добар пат да ја добие битката со Филаделфија Севентисиксерс во првата плејофот рунда во НБА лигата.

Избраниците на Тибодо оваа вечер славеа на теренот на противникот со 97:92 и сега водат со 3-1 што значи дека со триумф во „Медисон Сквер Гарден“ во следното соочување тие ќе изборат пласман во конференциското полуфинале на Истокот.

Џејлен Брансон го одигра најдобриот меч во својата кариера, постигна 47 поени и плус имаше 10 асистенции со 4 скока, 1 блокада и имаше само 1 загубена топка за 44 минути на паркетот.

Ова за Брансон е рекорд во кариерата, плус е рекорд и за играч на Никс по бројот на постигнати поени во плејофот.

На спротивната страна Ембид и Макси заедно искомбинираа 50 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни