21.8 C
Скопје
09:23 - 21 мај, 2024

(Фото) Богатството на Здравко Чолиќ е проценето на 25 милиони евра, а тој носи часовник од 2.000 евра!

Според познатиот американски сајт „Celebrity networth“, Здравко Чолиќ е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Според податоците од 2021 година, неговото богатство било проценето на 25 милиони евра.

– Чола е српскиот Том Џонс. Објавил 15 албуми и важи за еден од најскапите пејачи на Балканот. Го наполнил стадионот „Маракана“, па Ушќе, а во 2019 година постави апсолутен рекорд со 6 концерти по ред во белградската Арена, каде го слушаа 110.000 луѓе – пишуваше тогаш на оваа веб-страница.

Иако има толку милиони, Чола отсекогаш бил скромен, а сега тоа го докажа уште еднаш – со изборот на својот часовник. Така, пејачот на раката носи часовник вреден „само“ 2.000 евра. Според инстаграм- профилот „Сат на руци“ (Sat na ruci) станува збор за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sat na Ruci (@sat_na_ruci)


Да потсетиме, Чолиќ отсекогаш нагласувал дека финансиите секогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

– Човек не може да го смени својот карактер, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но кај мене тоа беше малку претерано и така е и денес – рекол Здравко и открил на што најмногу ги трошел хонорарите.

– Никогаш не сме имале толку високи хонорари. Патувањето и гардеробата беа фетиш во седумдесеттите и осумдесеттите години. Никогаш немав големи материјални желби. Мојата беше да одам некаде, на море или да направиме некои забави и таму да се потроши, но никогаш немав желба да купам некој часовник. Не страдав од тоа – рекол скромно пејачот.

 

 

Слични објави

МакеДокс – Повик за Докуникулци 2024

еспресо

Згодна пејачка јавно му се додворува на Харис Џиновиќ: Еве што мисли тој за неа

еспресо

Среќлии на неделата: Три хороскопски знаци кои ќе имаат голема среќа до 26 мај

еспресо

„Ме посетува“: Кортни Кокс „разговара“ со покојниот Метју Пери

еспресо

Која е девојката на победникот на Евровизија, небинарниот Немо: „Немаме никакви родови очекувања еден од друг“

еспресо

Харис Џиновиќ откри како се чувствува за шегите по разводот: „Не ме допира тоа што сум тема на потсмев“

Еспресо
Се вчитува....