„Кока кола“ повлекува производи во Европа поради зголемено присуство на хлорат

од Aneta Risteska
68 прегледи

Компанијата Coca-Cola соопшти дека повлекува некои од своите производи во неколку земји ширум Европа поради зголемени концентрации на хемикалијата хлорат.

Како што пренесува BBC, повлекувањето е фокусирано на Белгија, Луксембург и Холандија. Поголемиот дел од производите што не биле продадени веќе се отстранети од продажните полици, а компанијата продолжува со процесот на повлекување на преостанатите количини.

Според BBC, хлоратот може да се создаде ако се користат средства за дезинфекција на база на хлор при третман на вода и обработка на храна.

Изложеноста на високи нивоа на хлорат може да предизвика здравствени проблеми, вклучувајќи нарушувања на функцијата на тироидната жлезда, особено кај деца и доенчиња. Прекумерните количини на хлорат кај луѓето може да доведат до мачнина, повраќање, дијареја и намалена способност на крвта да апсорбира кислород, се вели во извештајот на британскиот јавен сервис.

Слични содржини