Ѓорѓи Абаџиев, македонски великан, во светот на вештачка интелигенција

Го продолжуваме нашиот проект за подобрување на дигиталниот идентитет на Македонија со помош на вештачката интелигенција. Овој пат го избравме ликот на Ѓорѓи Абаџиев, нашиот великан, писател, историограф, публицист и сценарист.

Тимот Арно.мк (Бранко Прља, уредник и креативен директор, и Владимир Карер, ИТ и маркетинг директор) секој пат се обидува да користи некоја нова апликација за тренирање на ликовите со помош на вештачка интелигенција. Досега ги користеа овие методи:

Сите овие апликации се бесплатни за користење, а се што ви треба е малку упорност, не мора да сте програмери или технички писмени.

Која АИ апликација ја користевме за ликот на Ѓорѓи Абаџиев

За ликот на Ѓорѓи Абаџиев ја користевме апликацијата Midjourney која е визуелно и технички далеку понапред од сите апликации за генеративна вештачка интелигенција. Единствен недостаток е што се плаќа, но постојат начини да се користи и бесплатно (со ограничен број генерирања).

Сепак Midjourney има еден недостаток, а тоа е неможноста на неа да се тренираат сопствени модели (со слики по ваш избор). Овој недостаток (за прв пат од настанувањето на апликацијата) се надминува со помош на апликацијата Picsi.AI и бот наречен InsightFaceSwap. Се чини комплицирано? Еве го упатството:

Луѓе со склоности кон „его-трип“ можат да ја користат истата апликација за генерирање сопствени портрети. Ние ја користевме за ликот на нашиот великан Ѓорѓи Абаџиев. Почнавме со првата фотка подолу, која ја користевме како референца за InsightFaceSwap, а потоа ги добивме другите резултати.

Ѓорѓи Абаџиев, 1940 година

Она што е недостаток на овој метод е тоа што дозволува аплоадирање на само 1 фотографија, за разлика од другите кои бараат 20-30. Тоа значи дека АИ „не знае“ како ликот би изгледал во други позиции, експресии итн.

Иако реално не очекувавме резултати со само една фотографија, вештачката интелигенција успеа да го инкорпорира ликот во различни позиции и стилови со доста голема точност. Колку за споредба, подолу видете други фотографии на писателот кои воопшто не се користени во тренирањето.

Извор: Фајсбук страница Ѓорѓи Абаџиев

Ова се резултатите:

Филмски стил
Дејвид Хокни стил
Како Кларк Кент од Диси комикс
Адријан Валујо стил
Беатрикс Потер стил
Едвард Мунк стил
Џилијан Тамаки стил
Јосан Гонзалес стил
Сем Ларсон стил
Омри Кореш стил
Малика Фавр стил
Витраж стил
Норман Роквел стил
Ралф Стедман стил
Ричард Корбен стил
Бучер Били стил
Роберт Крамб стил
Рој Лихтенштајн стил
Тристан Итон стил
Ретро пропаганда стил
Вес Андерсон стил

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *